АКТЕРКАТА МЕРИМА ЗА ИСКУСТВАТА СО ЛЕЧИЌ: „НЕ СЕ ОБИДУВАЈ ДА ВРЕСКАШ, НИКОЈ НЕМА ДА ТЕ ЧУЕ“

АКТЕРКАТА МЕРИМА ЗА ИСКУСТВАТА СО ЛЕЧИЌ: „НЕ СЕ ОБИДУВАЈ ДА ВРЕСКАШ, НИКОЈ НЕМА ДА ТЕ ЧУЕ“

Српската актерка Мерима Исаковиќ даде интервју за Недељник во кое опишува што и се случило пред 43. години, кога била студентка по глума. Во тоа време имала 18. години и имала непријатно искуство со озлогласениот Бранислав Лечиќ, кој е обвинет за силување.


„Имав 18 години. Есента 1978. година. Тој ме втурна во станот. Ми го соблече фустанот. ‘Не се обидувај да врескаш. Никој нема да те чуе’. Ме собори на подот. Чувствував како ме крши. Секоја коска ме болеше. Само не вака. Те молам Боже! Ако успее ќе умрам вечерва, го чувствувам како ужива во мојот страв овој загнилен човек. Страшен изглед. Празни и црни очи без душа ..


Чувствувам потреба денес да ја кажам вистината и ги замолувам нашите луѓе внимателно да го прочитаат ова. Насилник кој за малку ќе успееше да ми го уништи животот, да ми ја изгасне младоста, да ме проголта како темница“, рекла Исаковиќ.


„Јас ти простувам, му реков тогаш, пред четириесет години. Простувам, но не заборавам. Никогаш нема да ја разбереш болката што ми ја нанесе. Повеќекратна болка. Ако некогаш слушнам дека си нанел слична болка на некого, ќе им кажам на сите што се случи. Јас го одржав зборот.
Бранислав Лечиќ, се чини, не“,
додала таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *