АРСЕНАЛ ЗАБОРАВИ КАКО ДА ПОБЕДУВА, РОМА ГО ИЗНЕНАДИ АЈАКС (ВИДЕО)

АРСЕНАЛ ЗАБОРАВИ КАКО ДА ПОБЕДУВА, РОМА ГО ИЗНЕНАДИ АЈАКС (ВИДЕО)

Четири интересни средби во Лигата на Европа ја украсија оваа фудбалска вечер, од која како најголеми добитници излегоа Славија Прага и Рома. Чешкиот претставник во ЛЕ успеа со големи 1-1 на гости да му нанесе проблеми на англискиот великан Арсенал, додека Рома го совлада фаворитот Ајакс на гости со 1-2.

Гостите од Чешка одиграа цврсто, самоуверено и консолидирано на „Емирати“ против Арсенал, а таквата храбра игра беше наградена со гол за израмнување во 94. минута и гол на гости, кој може да се испостави како клучен во реваншот кој ќе се игра во Прага. Арсенал имаше неколку „зицери“ кои разочарувачки ги промашија Лаказет, Сака и Обамејанг, а предноста дојде дури во 86. минута кога резервистите Обамејанг и Пепе искомбинираа молњевита контра која играчот од Брегот на слоновата коска ја круниса со гол за 1-0. Сепак, порозната одбрана на „топџиите“ уште еднаш излезе на виделина, па Славија преку последниот корнер на средбата, во последната минута од судиското продолжение, преку Холес дојдоа до злато вреден нерешен резултат.

„Волчицата“ од Рим на гости го изненади Ајакс, кој номинално ја носеше улогата на фаворит. Холандскиот шампион поведе во 39 минута преку Класен, а Пелегрини во вториот дел, во 57. минута донесе израмнување за Рома. Три минути претходно, во 53. минута, Душан Тадиќ промаши пенал, што можеби беше и моментот кој го реши епилогот на оваа средба. Гостите дојдоа до победата преку Ибањез, кој беше прецизен во 87. минута.

Динамо Загреб колку што покажаа карактер против Тотенхем во минатата фаза, толку разочараа во првиот четвртфинален натпревар против Виљареал, дожувајќи пораз од 0-1. Шпанскиот гостин дојде до предноста преку Морено од пенал во 44. минута, а „модрите“ не успеаја да дојдат до егал, иако на располагање имаа цело второ полувреме.

Манчестер Јунајтед издоминира на гости против Гранада и со рутински 0-2 отпатува назад за Манчестер каде ќе го чека реваншот. „Црвените ѓаволи“ поведоа преку Рашфорд кој мајсторски ја смири топката, а потем и биеше прецизно за 0-1, додека Бруно Фернандеш од пенал во 90. минута ги постави конечните 0-2.

Реваншите се играат на 15. април од 21 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *