ДУРЕНТ БЕЗГРЕШЕН НА СВОЈОТ „КАМБЕК“, НОВ ТРИПЛ-ДАБЛ ЗА ЈОКИЌ

ДУРЕНТ БЕЗГРЕШЕН НА СВОЈОТ „КАМБЕК“, НОВ ТРИПЛ-ДАБЛ ЗА ЈОКИЌ

Српскиот центар Никола Јокиќ се закити со нов трипл-дабл ефект, постигнувајќи 25 поени, девет скока и десет асистенции, во победата на неговиот Денвер против Сан Антонио со 106-96. Покрај Јокиќ, се истакна и Портер со 18 поени и 10 скока, додека Бартон реализира 14 поени. Кај Сан Антонио најдобар беше Мареј со 18 поени.

Екипата на Бруклин нетс „експлодираше“ против Њу Орлеанс (139-111),а особено се истакна повратникот на паркетот, Кевин Дурент, кој за 18 минути постигна 17 поени, седум скока и пет асистенции, без ниту едно промашување! Кај „Мрежичките“ отсуствуваше Џејмс Харден, па најефикасен во победата беше Кајри Ирвинг со 24 поени и шест скока, додека ЛаМаркус Олдриџ постигна 22 поени.

РЕЗУЛТАТИ: 

  • Индијана – Минесота 141-137
  • Орландо – Вашингтон 116-131
  • Бостон – Њујорк 101-99
  • Бруклин – Њу Орлеанс 139-111
  • Атланта – Мемфис 113-131
  • Хјустон – Далас 102-93
  • Оклахома – Шaрлот 102-113
  • Денвер – Сан Антонио 106-96
  • Феникс – Јута 117-113 (прод.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *