ЕСЧП: ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА ВАКЦИНАЦИЈА Е ЛЕГАЛНА И МОЖЕ ДА БИДЕ НЕОПХОДНА

ЕСЧП: ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА ВАКЦИНАЦИЈА Е ЛЕГАЛНА И МОЖЕ ДА БИДЕ НЕОПХОДНА

Европскиот суд за човекови права пресуди дека задолжителната вакцинација е легална и може да биде неопходна во демократските општества. Пресудата доаѓа по заклучокот од некои жалби упатени од страна на фамилии во Чешка до судот заради задолжителна вакцинација на децата.

Мерките би можеле да се сметаат неопходни во демократското општество, наведе судот

Иако пресудата не се однесува директно на вакцините против ковид-19, експертите веруваат дека тоа би можело да има импликации на кампањата на вакцинација против коронавирусот особено меѓу оние кои досега одбиваа да ја примат вакцината.

„Оваа пресуда ја засилува можноста за задолжителна вакцинација под условите на моменталната пандемија“, рекол Николас Хервиу, правен експерт специјализиран за Европскиот суд за човекови права

Во одлуката на судот се вели дека задолжителните вакцини кои ги пропишаа чешките здравствени власти се во „најдобар интерес“ за децата. Според законот во Чешка, децата мораат да бидат вакцинирани против девет болести. Случајот на суд го изнесоа неколку фамилии кои добиле парична казна или им бил одбиен пристап во градинка поради фактот што не ги вакцинирале децата.

Пресудата на Европскиот суд за човекови права создаде преседан според кој задолжителната вакцинација не смее да биде во спротивност со Европската конвенција за човекови права. Тоа не значи дека европските земји ќе ги натераат граѓаните да се вакцинираат, но во случај тоа да го направат, таа одлука во очите на судот веројатно ќе биде легална.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *