ФИЛИПЧЕ: „АСТРАЗЕНЕКА“ НЕМА ДА СЕ ДАВА НА ЛИЦА ПОМЛАДИ ОД 60 ГОДИНИ

ФИЛИПЧЕ: „АСТРАЗЕНЕКА“ НЕМА ДА СЕ ДАВА НА ЛИЦА ПОМЛАДИ ОД 60 ГОДИНИ

Како резултат на ставот на Европската агенција за лекови (ЕМА), министерот за здравство Венко Филипче го промени планот за вакцинирање со „АстраЗенека“. Тоа значи дека вакцината нема да се користи на лица помлади од 60 години.

„Утрово го разгледувавме ставот на бордот на ЕМА во врска со „АстраЗенека“. После евалуацијата на сите тие несакани ефекти во форма на тромботични состојби посебно кај млади луѓе, бордот на ЕМА излезе со две препораки: првата е дека тие несакани ефекти треба да влезат во упатството и второ дека секоја држава треба да заземе став како ќе се користи вакцината. Согласно тоа, по утринските консултации, донесовме став вакцината на ’Астра Зенека‘ да не се дава на помлади лица од 60 години во нашата земја“, изјави Филипче

За граѓаните кои беа да се вакцинираат во Србија нема никакви препораки освен да се јават на лекар во случај да се појави некаков вид на симптом.

„Во однос на претпазливост на тие што веќе добија една доза на вакцината, тоа се луѓето кои се вакцинираа во Србија, нема никакви препораки за каква било претпазливост освен ако имаат некои симптоми да се јават на контрола и преглед кај лекар. Во однос на ревакцината со оглед на тоа што треба да дојде за период од три месеци засега нема некаков став. Ќе го следиме насоките од ЕМА и од други национални агенции и во текот на следниот период ќе заземе став и по ова прашање“, додаде Филипче

Освен 28-годишната девојка, кај која се јави тромбоза на вената на едното око, министерот вели дека друга не е пријавена, а досега се вакцинирани над 15 000 граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *