ЃОРЧЕСКА ОБЕЗБЕДИ ЧЕТВРТФИНАЛЕ ВО БЕЛИНЦОНА

ЃОРЧЕСКА ОБЕЗБЕДИ ЧЕТВРТФИНАЛЕ ВО БЕЛИНЦОНА

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа обезбеди пласман во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Белинцона, Швајцарија. На денешното осминафинале, Ѓорческа испадна подобра од Лукреција Стефанини во три сета.

Иако Стефанини започна солидно, освојувајќи го првиот сет со резултат 6-1, нашата тенисерка се врати со посилна игра во наредните два сета. Со тоа ги зеде вториот и одлучувачкиот сет со 6-3, односно 6-0.

Во четвртфиналето таа ќе се соочи со Луција Бронцети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *