Основачот на компанијата „Спејс Х“, Илон Маск, уште еднаш на забавен начин го привлече вниманието на јавноста, изразувајќи ја својата посветеност кон науката и технологијата, самопрогласувајќи се за вонземјанин на социјалните мрежи.
Сè започна со објавата на Маск на Твитер дека „Земјата не е рамна и дека таму живее Донки Кинг“, по што еден од корисниците на таа социјална мрежа го прашал дали е вонземјанин.
„Очигледно“, следел одговорот на Маск, кој е познат по повремените необични постови на Твитер.