НА ИНФЕКТИВНИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА ВО ЗЕМЈАВА СЕ ЛЕКУВААТ 1045 ПАЦИЕНТИ

НА ИНФЕКТИВНИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА ВО ЗЕМЈАВА СЕ ЛЕКУВААТ 1045 ПАЦИЕНТИ

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1045 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 86 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 48 пациенти, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 131 во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 20 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 112 пациенти, во Кочани 38 во Кичево 38, Кавадарци 70, а во Гевгелија 24 лица позитивно и суспектно на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1724 и има околу 310 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *