КЕЈТИ ПЕРИ: НЕ ГИ БРИЧАМ НОЗЕТЕ ОТКАКО СТАНАВ МАЈКА

КЕЈТИ ПЕРИ: НЕ ГИ БРИЧАМ НОЗЕТЕ ОТКАКО СТАНАВ МАЈКА

Пејачката Кејти Пери, која лани со својот свршеник Орландо Блум, ја добија првата ќеркичка, изјави дека откако станала мајка, бричењето на нозете и е во заден план.

Во неделната епизода на „Американски идол“, каде што е членка на жирито, ѝ рекла на натпреваручката Касандра Колман нешто што шокирало многумина:

Вашиот глас е духовно искуство. Тој е од друг свет, тој е ангелски. Како новопечена мајка, немам многу време, па престанав да ги бричам нозете. Но, кога пееше, влакната на моите нозе се кренаа за пет сантиметри. Чувствував трнење по целото тело! Беше неверојатно“ – рече Кети Пери.

Пејачката дури и на своите колеги во жирито им ги покажа влакната, ставајќи ги нозете на масата среде емисијата.

Пери признала дека да се биде мајка е најдобрата работа на светот, но дека тогаш заборавате на сите приоретит од вашиот „претходен живот“.

Мислам дека почнуваш да сфаќаш некои работи кога ќе станеш мајка… Едноставно мораш да се фокусираш на тоа да бидеш мајка. И тоа, не е затоа што не ги сакаш другите луѓе, туку едноставно затоа што сакаш да бидеш добар родител“ – објасни пејачката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *