КЕЈТЛИН ЏЕНЕР ПЛАНИРА ДА БИДЕ ГУВЕРНЕРКА

КЕЈТЛИН ЏЕНЕР ПЛАНИРА ДА БИДЕ ГУВЕРНЕРКА

Поранешната олимпијка и ѕвезда на реалити телевизија, Кејтлин Џенер размислува за кандидатура како гувернерка на Калифорнија. Таа веќе започнала да собира политички советници со цел да ја оствари нејзината кампања, изјавија блиски извори за „Аксиос“.

Актуелниот гувернер, демократот Гавин Невсон, може да се соочи со оставка поради кампањата која ја започнаа републиканците. Републиканците се лути на неговата имиграциска и даночна политика, а нивните напади добија нова сила поради лошото справување со корона-кризата.

Кејтлин Џенер е истакната републиканка која порано го поддржуваше поранешниот претседател Доналд Трамп, а сега очекува дека би можела, исто како и Шварценегер, да привлече големо внимание на јавноста кон трката да ја води најнаселената држава во САД.

Доказ за нејзините намери да влезе во светот на политиката е што во разговорите со советниците ѝ помага Каролин Врен, која беше одговорна за кампањата на Доналд Трамп.

Двете дами се сретнале, а според изворите, преку американскиот фонд за единство (непрофитна организација фокусирана на ЛГБТ + прашања), нивните портпароли одбиле да коментираат за соработката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *