КИНА: СВЕКРВАТА ДОЗНАЛА ДЕКА НЕВЕСТАТА Е ВСУШНОСТ НЕЈЗИНА ЌЕРКА

КИНА: СВЕКРВАТА ДОЗНАЛА ДЕКА НЕВЕСТАТА Е ВСУШНОСТ НЕЈЗИНА ЌЕРКА

Жена во Кина дознала на денот на свадбата дознала дека невестата на нејзиниот син е всушност нејзината долго изгубена ќерка. Жената успеала да ја препознае својата ќерка од која била разделена пред многу години поради белег на нејзината дланка.

Мајката и ќерката беа со очи полни солзи кога повторно се пронајдоа едни со други во провинцијата Сужоу на 31. март. Свадбата се одржа откако се дозна дека синот на жената всушност бил посвоен, што значи дека парот не е крвно поврзан.

Таа го посвоила синот откако трагањето по ќерката со години завршило неуспешно, соопштува „Ориентал Дејли“.

Откако мајката го забележала белегот на дланката на невестата, таа ги прашала нејзините родители дали е посвоена. Нејзините родители, изненадени од прашањето, рекле дека го посвоиле девојчето откако пред повеќе од 20 години го пронашле на патот.

Кога невестата ја чула приказната, таа се расплакала и го опишала денот „како посреќен од самиот ден на венчавката“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *