КОЖУВЧАНКА ДОНИРА БЕСПЛАТНА ВОДА ЗА СИТЕ КОИ СЕ ВАКЦИНИРААТ

КОЖУВЧАНКА ДОНИРА БЕСПЛАТНА ВОДА ЗА СИТЕ КОИ СЕ ВАКЦИНИРААТ

Неограничена количина на Изворска вода како донација за Министерството за здравство и граѓаните обезбеди компанијата Кожувчанка. Водите ќе бидат на располагање на граѓаните кои се вакцинираат во А1 Арената Борис Трајковски и во другите вакцинални пунктови во земјава.

„Многубројните донации низ годините ја прават Кожувчанка ДОО на прво место како најголем опшествено одговорен поборник, особено онаму каде е најпотребно. Во последната година откако започна пандемијата, неизмерно поддржуваме голем број на клиники и Ковид центри насекаде во нашата држава со негазираната природна изворска вода Изворска. Во овие тешки моменти нашата компанија несебично помагаше онаму каде што беше потребно, се радуваме што и во овие моменти на вакцинација и имунизација ќе го направиме истото“, објавија од компанијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *