ЛЕКЛЕР САКА НОВ ДОГОВОР СО ТИМОТ НА ФЕРАРИ

ЛЕКЛЕР САКА НОВ ДОГОВОР СО ТИМОТ НА ФЕРАРИ

Возачот на Ферари, Шарл Леклер изрази желба да ја продолжи соработката со италијанскиот тим по завршувањето на сегашниот договор, со оглед на тоа што е свесен за статусот на лидер во својот тим.

Сега имам договор до крајот на 2024 година, но веќе би сакал да го продолжам. Сакам да останам во тимот уште подолго. Верувам во Ферари и луѓето што работат тука, изјави Леклер за „Ла Република“.

Возачот од Монако, вози за Ферари од 2019 година. Тој има две победи, седум пол-позиции и 12 подиуми во Формула 1 шампионатот, а има само 23 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *