„МЕКДОНАЛДС“ СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА?!

„МЕКДОНАЛДС“ СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА?!

Светско познатиот бренд за брза храна, „МекДоналдс“ наводно се спрема за камбек на македонскиот пазар. Во периодот на пандемијата, Македонија станува атрактивна локација за нови инвестиции, па по цели осум години може да уживаме во малите хамбургерчиња повторно.

Интернационалниот гигант без престан работи на експанзија во речиси сите држави. Во последните неколку години се отворија нови оператори за брза храна од разни ланци како „Бургер Кинг“ и „КФЦ“, но кај многумина „МекДоналдс“ е омиленото место.

Имајќи предвид дека 2021 година навестува динамични промени, како отворање на најголемиот трговски центар, се чини дека за американскиот гигант нашата држава претставува соодветно место за експанзија.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *