МИЛЕР: ТРЕБАШЕ ДА ПОБЕДИМЕ СО 5:3 ИЛИ 6:3!

МИЛЕР: ТРЕБАШЕ ДА ПОБЕДИМЕ СО 5:3 ИЛИ 6:3!

Германскиот репрезентативец Томас Милер, даде се од себе во вчерашниот дуел против ПСЖ и беше еден од најистакнатите играчи на теренот, но неговиот тим не успеа на домашен терен да избегне пораз и со позитивни мисли да го чека ревнаш дуелот за шест дена.

ПСЖ си осигура фантастични 2:3 во првото четвртфинале кое всушност е реприза на големото финале од минатата година, а Покетино знаеше како против ранливиот Баерн да ја искористи „брзата птица-Итрица“, Килијан Мбапе, кој со два гола го реши победникот на средбата.

Казната за Баерн Минхен висеше во воздухот, откако „баварците“ од 30 удари упатени кон противничкиот гол, реализираа само два.

„Моравме да постигнеме повеќе голови со оглед на шансите кои ги создадовме, ако беше 5:3 или 6:3, никој не требаше да се пожали од нивна страна. Сега го оставивме јајцето во своето гнездо и мора да трчаме и да бараме храна и голови. Мора да бркаме негатива и мора да се помириме со тоа“, – изјави Милер за „Скај“ Германија и додаде.

„Ако имавме поголем убиствен инстинкт овојпат, ќе разговаравме за друг натпревар и друг епилог. Не се справивме многу добро со нивните контри, но ПСЖ има голем потенцијал“, – додаде искусниот Германец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *