ПОЗНАТ ПРВИОТ ПРОЕКТ НА ХАРИ И МЕГАН НА НЕТФЛИКС

ПОЗНАТ ПРВИОТ ПРОЕКТ НА ХАРИ И МЕГАН НА НЕТФЛИКС

Првата серија на Нетфликс во која ќе учествуваат принцот Хари и Меган, војвотката од Сасекс, ќе се базира на Игрите „Инвиктус“, што му дава можност на болниот и повредениот воен персонал, меѓу кои повеќето се ветерани, да се натпреварува во спортот.

Компанијата на двојката соопшти дека серијата ќе се фокусира на спортисти кои се натпреваруваат на Игрите „Инвиктус“ за повредени ветерани во Хаг во 2022 година.
Принцот Хари ќе се појави пред камера и ќе работи како извршен продуцент, а самите продуценти на краткиот документарец, Оскаровецот „Белите шлемови“ ќе ја режираат и продуцираат серијата. Документарната серија која ќе има повеќе епизоди, насловена „Срцето на инвиктус“, е во партнерство со Фондацијата Ииктус, чиј покровител е принцот Хари.

Серијата ќе обезбеди заткулисни приказни за спортисти и организатори додека се подготвуваат за настанот, кој беше одложен до следната пролет поради пандемијата , соопшти Нетфликс.

Игрите Инвиктус се мулти-спортски настан создаден во 2017 година од принцот Хари – кој служеше како војник во Авганистан – за воениот персонал ранет на терен. Принцот Хари и Меган сега живеат во Калифорнија откако го направија последниот раздел со британското кралско семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *