ПРОДАЖБАТА НА ВОЗИЛА ВО КИНА ПОРАСНА ЗА 72.8 ПРОЦЕНТИ

ПРОДАЖБАТА НА ВОЗИЛА ВО КИНА ПОРАСНА ЗА 72.8 ПРОЦЕНТИ

Во првото тримесечје на 2021 година, во Кина биле продадени 6,34 милиони автомобили, што е за 72,8 насто повеќе отколку истиот период лани. Овие податоци се содржани во извештајот објавен од Здружението на производители на автомобили во Кина.

Во овој период, продажбата на комерцијални возила се зголемила за 71,2 отсто на годишно ниво, а на патнички автомобили – за 74,1 отсто.

Минатата 2020 година во Кина се продадени 25,31 милиони автомобили. Во 2021 година, според предвидувањата, продажбата би требало да се зголеми за четири отсто и да надмине 26 милиони продадени возила. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *