ПРВИОТ СУПЕРМЕН СТРИП ПРОДАДЕН ЗА 3,25 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

ПРВИОТ СУПЕРМЕН СТРИП ПРОДАДЕН ЗА 3,25 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Првиот број на стрипот Супермен, објавен во јуни 1938 година, беше продаден за рекордна сума од 3,25 милиони долари што претставува најголема сума платена за стрип.

Изданието на времето чинело само 10 цента, а е испачетно во повеќе од стотици илјади примероци, но се смета дека денес се останати само 100 примероци.

„Продадениот стрип бил пронајден помеѓу купишта филмски списанија од триесетите години на минатиот век и бил одлично сочуван“, вели еден од сопствениците на аукцискиот сајт „Комик Конект“, Винсент Зурзоло

Стрипот го опфаќа доаѓањето на Супермен на Земјата и како тој станува Кларк Кент. Всушност, на еден начин ова е раѓањето на суперхеројскиот жанр, вели Зурзоло.

Продавачот на стрипот заработил околу милион долари, со оглед на тоа што претходно го купил за 2,25 милиони долари. Највисока цела досега за еден стрип беше продажбата на првиот број на Супермен во 2014 година, кој на сајтот „И Беј“ беше продаден за 3,2 милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *