РАДИОАКТИВНАТА ВОДА ОД ФУКУШИМА ЌЕ БИДЕ ИСФРЛЕНА ВО ТИХИОТ ОКЕАН

РАДИОАКТИВНАТА ВОДА ОД ФУКУШИМА ЌЕ БИДЕ ИСФРЛЕНА ВО ТИХИОТ ОКЕАН

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга вели дека владата престанала да преговара околу тоа што да прави со целата контаминирана вода што се собира во уништената нуклеарна централа Фукушима Даичи и дека е време да се започне да се исфрла во океанот.

Суга е принуден на ваков потег со оглед на тоа што централата наскоро ќе остане без простор за складирање на загадената подземна вода што се влева во објектот, пренесува „Јапон тајмс“ и тој го подготвува контроверзниот план за ослободување на водата во Тихиот океан како „неизбежно решение“.


Јапонските власти со години расправаат за тоа како најдобро да ја содржат радиоактивната вода во фабриката во Фукушима, но се чини дека планот пропаднал, иако предвидуваше да се прочисти водата што е можно подобро, да се разреди радиоактивниот тритиум кој опстојува и по процесот на чистење да се исфрла континуирано во текот на 30 години.


Но, надвор од владините сали, планот е сè уште значително непопуларен, особено кај рибарите кои се загрижени дека никој нема да сака да купува риби уловени во радиоактивни води. Разумно, со оглед на тоа што 15 земји и региони веќе го ограничуваат увозот од префектурата Фукушима, според „Јапон тајмс“.

Доколку Владата продолжи со олдуката, планот ќе вклучува разредување на тритиум на само 2,5 проценти од максималната дозволена концентрација според националните стандарди пред да се исфрли. Тоа значи, велат јапонските власти, дека водата нема да биде опасна за луѓето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *