РИЈАНА СЕ ПОЈАВИ НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ РАСИЗМОТ ВО ЊУЈОРК

РИЈАНА СЕ ПОЈАВИ НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ РАСИЗМОТ ВО ЊУЈОРК

Во понеделникот во Њујорк се одржа протест под називот „Stop Asian Hate“ ( Стоп за омразата кон Азијците), мотивиран од настаните кои минатиот месец ја потресоа Атланта, кога во салони за масажа беа убиени осум луѓе, од кои шест беа Азијки.

На овој протест, маскирана со маска, капа и огромни темни очила учествуваше и светски познатата пејачка Ријана. Еден од учесниците како да ја препознал, па на шала побарал да му го даде нејзиниот Инстаграм, за да ја означи на фотографијата.

Таа го напишала нејзиното име на неговиот телефон, а момчето се изненадило бидејќи првично не ја препознало ѕвездата.

„Тоа си ти?“, прашал шокирано, а Ријана гласно се насмевнала.

Целата ситуација е снимена и стана вирална на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *