РОВЕРОТ НА „НАСА“ НАПРАВИ НЕВЕРОЈАТНА ФОТОГРАФИЈА НА МАРС

РОВЕРОТ НА „НАСА“ НАПРАВИ НЕВЕРОЈАТНА ФОТОГРАФИЈА НА МАРС

НАСА на социјалната мрежа Твитер објави нови фотографии кои ги направил роверот „Perseverance“, а кои ги изнеадија корисниците на мрежата, не можејќи да поверуваат дека на Марс може да се појави виножито!

Во описот на фотографијата на официјалниот Твитер профил на НАСА, научниците објасниле дека не станува збор за виножито.

Многумина се прашуваа: Дали е ова виножито на Марс? Не, тука не се можни виножита. Тие се јавуваат кога сончевата светлина се прекршува од капки дожд, но нема доволно вода за кондензација и е премногу ладно за водата да биде во течна состојба. Станува збор за лак кој е создаден со трепкање на леќата – се наведува во објаснувањето на НАСА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *