ШАРЛ МИШЕЛ: ОНА ШТО СЕ СЛУЧИ ВО АНКАРА НЕ Е МОЈА ГРЕШКА

ШАРЛ МИШЕЛ: ОНА ШТО СЕ СЛУЧИ ВО АНКАРА НЕ Е МОЈА ГРЕШКА

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, падна во жешки води по вчерашниот скандал на средбата на лидери помеѓу ЕУ и Турција. Во настанот наречен „софагејт“, Мишел и Ердоган седнаа на претставнички столици додека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен беше приморана да седне со пониските функционери оддалечени на троседот.

„Некои од пренесените слики дадоа впечаток дека можеби бев нечувствителен на оваа ситуација. Ништо не е подалеку од реалноста или од моите длабоки чувства“, рече поранешниот белгиски премиер, пишувајќи на француски јазик

Тој додаде дека „строгото толкување на протоколарните правила од страна на турските служби предизвикале вознемирувачка ситуација – поинаков, дури и намален третман на претседателката на ЕК“.

„Посетата на претседателите на ЕУ во Анкара „требаше да биде порака на цврстина и единство на пристапот на Европа кон Турција. За жал, тоа резултираше со симбол на неединство, бидејќи претседателите не успеаја да застанат заедно кога беше потребно. Очекуваме повеќе од надворешната политика на Европа“,  изјави за „Политико“ Манфред Вебер, претседател на групата ЕПП во Европскиот парламент

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *