СНЕГ ВО МАВРОВО И НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕМИНИ БУКОВО И СТРАЖА

СНЕГ ВО МАВРОВО И НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕМИНИ БУКОВО И СТРАЖА

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Снег врне во Маврово и на планиските премини Буково и Стража.

 Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *