ТВИТЕР ЈА КУПУВА „КЛУБХАУС“ ЗА 4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

ТВИТЕР ЈА КУПУВА „КЛУБХАУС“ ЗА 4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Твитер во последните месеци преговараше за купување на социјалната мрежа „Клубхаус“, објави Блумберг повикувајќи се на информирани извори.

Според извори, зделката се проценува на 4 милијарди долари. Во исто време, во моментов преговорите се прекинати од непозната причина. Портпарол на Твитер одби да коментира, а „Клубхаус“ во моментот не одговори на барањето на агенцијата.

Претходно, Твитер објави бета верзија на аудио платформата „Spaces“, која се очекува да му конкурира на „Клубхаус“. Во моментов, не сите корисници можат да ја користат платформата за да остваруваат отворени повици.

„Клубхаус“ е социјална мрежа во која корисниците комуницираат преку говорни пораки, без можност за снимање и понатамошна дистрибуција. За да се придружите на апликацијата, мора да добиете покана од веќе регистриран корисник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *