ВАРДАР ИСПАДНА ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

ВАРДАР ИСПАДНА ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Македонскиот ракометен шампион Вардар испадна во осминафиналето од Лигата на шампионите, по поразот од Веспрем со 9 голови разлика.

Уште од самиот почеток се чувствуваше слабата игра на Вардар, додека пак Веспрем константно или ја надградуваше или ја одржуваше разликата, што доведе до финален резултат од 39:30 за унгарскиот тим.

За Веспрем најмногу реализираа Шишкарев и Нилсон со по шест гола, , додека кај вардарци, Дибиров и Стоилов имаа по пет голови, а Шеваљевиќ и Чупиќ погодија по четири пати.

Во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Веспрем ќе се соочи со Нант и Кире Лазаров, кои го елиминираа Киелце за пласман во оваа фаза.

Фото: РК Вардар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *