ВИРЏИНИЈА Ѝ КАЖА ДА НА МАРИХУАНАТА

ВИРЏИНИЈА Ѝ КАЖА ДА НА МАРИХУАНАТА

Сојузната држава Вирџинија е најновата држава од САД која ја легализираше марихуаната. Генералното собрание го даде конечното одобрување за нацрт-законот за легализирање на поседување мала количина марихуана и за ограничено домашно производство од 1. јули 2021 година.

Сенатот и претставничкиот дом го усвоија законот и покрај силното противење на републиканските пратеници.

Гувернерот на Вирџинија, Ралф Нортам, изјави дека државата влегла во историјата како прва јужна држава која легализирала поседување марихуана. Неколку американски држави, како што се Њујорк или Колорадо, презедоа слични мерки, но Вирџинија е пионер во јужниот дел на САД, регион кој е социјално и политички многу конзервативен.

Постарите од 21 година ќе можат легално да поседуваат нешто повеќе од 28 грама марихуана за лична употреба, а дозволено е да се одгледуваат четири растенија по домаќинство.

Пушењето на џоинт на јавни места и понатаму е забрането, а производството и продажбата на марихуана нема да започне пред 2024 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *