ВО НИШ ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ ПУЛМОЛОГ АНЃЕЛКО ЃОРЧЕВ

ВО НИШ ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ ПУЛМОЛОГ АНЃЕЛКО ЃОРЧЕВ

На 72 годишна возраст, вчеравечер во Универзитетскиот клинички центар во Ниш почина специјалистот по пулмологија и алергологија Анѓелко Ѓорчев, татко на поранешниот пратеник и моментално член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.


Ѓорчев не се разбудил од комата во која падна само две минути откако ја примил вакцината против коронавирус во Ниш пред околу две недели. Според последните анализи, неговата состојба не е последица на примената вакцина, изјави пред неколку дена Директорот на Клиничкиот центар каде беше хоспитализиран Ѓорчев.


Ѓорчев медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа станал асистент по Интерна медицина. Докторирал на тема бронхијална астма, за што бил врвен специјалист.Како доцент и професор работел на полето на неговиот специјален интерес-пулмологија и алергологија, астма, ендокринологија на респираторниот систем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *