ЗОШТО ПОЧЕСТО ДА ПИЕТЕ ЧАЈ ОД КОПРИВА И КАКО САМИ ДА ГО ПРИГОТВУВАТЕ

ЗОШТО ПОЧЕСТО ДА ПИЕТЕ ЧАЈ ОД КОПРИВА И КАКО САМИ ДА ГО ПРИГОТВУВАТЕ

Пиењето чај датира од пред илјадници години. Се смета дека потекнува од Кина, каде што се користел за медицински цели, а потоа и како задолжителен напиток во денот кој го релаксира телото и умот. Денес, луѓето пијат чај од многу причини, вклучувајќи го неговиот вкус, стимулативни или смирувачки својства и здравствени придобивки. Еден популарен чај од билки е чајот од коприва.


Копривата доаѓа од Европа и Азија. Нејзиното научно име е Urtica dioica. Растението може да се „пофали“ со убави зелени лисја во форма на срце и жолти или розови цветови, но стеблото е покриено со ситни, цврсти влакна кои ослободуваат осакасти хемикалии кога ќе се допрат, нешто што и тоа како убаво сме го научиле во детството.

Лисјата, стеблото или коренот од растението коприва може да се издробат и да се подготват за чаеви. Додека луѓето го користеле со векови како хербален лек, современото истражување поддржува и многу потенцијални здравствени придобивки од чајот од коприва.


Здравје на уринарниот тракт

Копривата може да помогне во исфрлањето на штетните бактерии од уринарниот тракт. Ова може да им користи на луѓето кои имаат уринарни состојби, како што се бенигна хиперплазија на простатата (БПХ). Хиперблазијата кај мажите предизвикува зголемена простата. Ова може да предизвика болка или други проблеми со мокрењето.

Копривата исто така може да помогне во поддршката на сите лекови што ги земате за инфекции или состојби поврзани со уринарниот тракт. Како и да е, прво разговарајте со вашиот лекар за сите можни интеракции помеѓу хербални лекови и лекови што ги земате.


Артритис и болка


Копривата историски се користи за лекување на болка во мускулите, особено поврзана со артритис. Фондацијата за артритис сугерира дека чајот од коприва може исто така да го намали воспалението и болката поврзана со артроза.

Управување со шеќерот во крвта


Копривата покажала некои ветувачки ефекти врз нивото на гликоза во крвта. Може да помогне панкреасот да создаде или ослободува повеќе инсулин, хормон кој го намалува шеќерот во крвта.

Во една студија од 2013 година, екстрактот од лисја од коприва ја намалил гликозата во крвта кај група луѓе со дијабетес тип 2 кои земале инсулин, како и орални лекови за дијабетес.

Моќта на полифенолите


Копривата е богата со растителни хемикалии наречени полифеноли. Овие моќни соединенија може да играат улога во превенцијата и управувањето со хронични болести поврзани со воспаленија, како што се дијабетес, дебелина, рак и срцеви заболувања.

Полифенолите од екстрактот од коприва покажале потенцијал за лекување на рак на дојка. Растенијата како копривата содржат и потентни антиоксиданти, кои се супстанции што го штитат организмот од стареење и оштетување на клетките.


Како да направите чај од коприва?


Можете да купите чај од коприва во класични кесенца, можете сами да ги одгледувате или берете лисјата, или пак да купувате готова дробена коприва. Со свежи лисја, експериментирајте со односот на коприва и вода, но општа препорака е две чаши вода за секоја чаша лисја.

  • Додадете вода на лисјата.
  • Водата ставете ја да зоврие.
  • Исклучете го шпоретот и оставете да отстои пет минути.
  • Истурете ја смесата низ мала цедалка.
  • Додадете малку мед или цимет по вкус


Започнете со само една чаша чај од коприва за да бидете сигурни дека немате никакви реакции на ова растение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *