НЕТФЛИКС ПОСТИГНА ПЕТГОДИШЕН ДОГОВОР СО СОНИ

НЕТФЛИКС ПОСТИГНА ПЕТГОДИШЕН ДОГОВОР СО СОНИ

Стриминг гигантот Нетфликс потпиша петгодишен договор заедно со „Sony Pictures Entertainment“ за правата на стримање на филмските наслови на студиото.

Филмовите креирани од компанијата Сони ќе бидат ексклузивно прикажувани на Нетфликс откако ќе бидат прикажани во киносалите и ќе излезат во формат за домашна употреба.

Како дел од зделката, стриминг платформата ќе има можност и за прв преглед за избор на филмовите на студиото. Се очекува меѓу првите филмови да се најдат „Morbius“, „Uncharted“, „Where the Crawdads Sing“ и „Bullet Train“.

„Sony Pictures е одличен партнер и ние сме воодушевени што ги проширивме нашите односи преку овој договор за планирање однапред“,

изјави Скот Стубер, раководител на филмовите на Нетфликс во светски рамки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *