АРСЕНАЛ ЛЕСНО СЕ СПРАВИ СО „ФЕНЕРЏИЈАТА“ ШЕФИЛД (ВИДЕО)

АРСЕНАЛ ЛЕСНО СЕ СПРАВИ СО „ФЕНЕРЏИЈАТА“ ШЕФИЛД (ВИДЕО)

По две кола без триумф, екипата на Арселан запиша три бода од гостувањето кај последнопласираниот Шефилд Јунајтед (0-3). Дуелот од 31. коло на Премиер лигата одигран на „Брамал Лејн“ понуди домиминантна игра на гостите, два гола на Лаказет и еден на Мартинели.

По неколкуте промашени шанси на „топџиите“, патот до мрежата прв го пронајде Александр Лаказет по 33. минути игра. Францускиот напаѓач влета во зицер и мудро го матира Ремсдејл за 0-1. Чуварот на мрежата на „фенерџијата“ беше главен виновник што резултатот долго не беше променет.

Сепак, отпорот го скрши младиот Мартинели, кој по одбиена топка ја удвои позитивата на Арсенал (0-2). Во финишот, конечниот резултат го постави човекот кој го отвори. Лаказет доби добра долга топка од Парти и одново лесно го совлада Ремсдејл.

  • Најдобрите моменти од натпреварот:

Арсенал по 31 натпревар во Премиер лигата се наоѓа на деветтата позиција, а местата кои водат од Европа се само теорија за избраниците на Микел Артета, додека Шефилд одамна е прежален и со сигурност следната сезона ќе настапува во Чемпионшип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *