ИНТЕР СИГУРНО ЧЕКОРИ КОН СКУДЕТОТО, БИТКАТА ЗА ЛШ ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНА (ВИДЕО)

ИНТЕР СИГУРНО ЧЕКОРИ КОН СКУДЕТОТО, БИТКАТА ЗА ЛШ ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНА (ВИДЕО)

Екипата на Интер сигурно чекори кон враќање на тронот во Серија А, откако денес ја запиша 11 победа во низа против Каљари (1-0). „Нераѕурите“ одиграа добра партија, но долго немаше решение за гостинот од Сардинија. Сепак, натпреварот го реши Матео Дармијан во 77. минута. Интер има 11 бодови повеќе од второпласираниот Милан и само чудо може да го спречи во походот кон Скудетото.

  • Интер – Каљари:

Битката за Лигата на шампионите и место меѓу четирите најдобри се вжештува, во интервал од четири бодови се наоѓаат Милан, Јувентус, Аталанта и Наполи, а место во елитата ќе има само за три од нив. Сите четири тима одиграа според планот и славеа во ова коло.

  • Јувентус – Џенова:

Јувентус со 3-1 (2-0) ја победи Џенова за која еден час одигра Горан Пандев. „Старата дама“ поведе со головите на Кулушевски и Мората, а надежта ја врати Скамака. Сепак, Вестон МекКени беше стрелец на третиот одлучувачки гол кој ги чекира трите бода во Торино.

  • Сампдорија – Наполи:

Наполи слави триумф на незгодното гостување кај Сампдорија (0-2). Македонскиот репрезентативец, Ељиф Елмас одигра незначителна минутажа, откако во завршницата го амени Инсиње. Творци на победата за „партенопеите“ беа Фабијан Руиз и Виктор Осимен, кои во двете полувремиња погодија по еднаш за славје.

  • Фиорентина – Аталанта:

На останатите денешни дуели, Аталанта ја доби Фиорентина во супер-возбудлив натпревар со 2-3, а римските екипи Рома и Лацио запишаа минимални победи од по 1-0 со Болоња, односно Верона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *