КОЛУМНА: ОД КЛАН ЗАЕВИ ЕВОЛУИРАА ВО КАРТЕЛ, АФЕРИМ!

КОЛУМНА: ОД КЛАН ЗАЕВИ ЕВОЛУИРАА ВО КАРТЕЛ, АФЕРИМ!

Со мало задоцнување, но од оправдани причини дојде времето за новата колумна. Низа настани кои ја одбележаа оваа недела, а сите некако поврзани со една криминогена страна на Македонија. Од ден во ден, се чини дека Владата и нејзините претставници паѓаат во се поголеми скандали и се поврзуваат со се повеќе криминални групи.

Чудно некако, од старт ми изостануваат амбасадите или ако милувате амбасадорката на САД, по принципот на нејзиниот претходник, Џес Бејли, да излезе и да каже дека тоа е невиден срам и да ги осуди настаните во кои се вплеткани и претставници на владата и нивни роднини.

Ќе започнеме со пасошите и државјанствата кои биле дадени на над 200 светски криминалци и борци на ИСИС. Добро организирана шема на фалсификување на исправи и врачување на истите, ме потсетува на настаните од пред неколку години со другарот на премиерот Заев, Чауш. Да ве потсетам да не заборавате дека беа пронајдени огромен број фалсификувани лични карти, а беше и откриена комуникацијата на вибер од Заев со семеството на Чауш ефенди.

По истата таа шема се издаваат и овие пасоши, само што разликата е што жртвено јагне за нечиј криминал, овој пат, ќе се обични полициски службеници. Не началниците, не претпоставените, туку обичните службеници, кои не велам дека не биле вмешани, но сигурно не биле главни и не раководеле со операцијата, без амин од своите претпоставени, а најверојатно и повисоко рангирани носители на функции. И за ваквите настани, за да не може да сноси никаква одговорност министерот за внатрешни работи Спасовски, се амнестираше со тоа што ги уапси службениците.

И ова се пасошите за кои што во моментов знаеме, а за тие што не знаеме?

Тактика 101.

Со амнестирањето на претпоставените во пасошко, се исклучува можноста за некакво негово можно поврзување со настаните, но потполно се исклучува и можноста за повторно докажување на неговата неспособност во изборот на кадри, на раководни функции во МВР.

Министерот очигледно поради посветеноста на учењето на Ромскиот јазик, заборава дека во МВР, како клучно државно министерство, не се потребни партиски, туку стручни кадри.

Па оттука, не по негова желба, туку по присила на американската ДЕА, уапсен беше командир на ОВР Прилеп, па неспособноста на министерот, повторно исплива на површина.

Ама не е тука маката…

Во истата таа акција беше уапсен и Ушликовски, возач на Трајче Заев.

Заплена на дрога, оружје и огромни суми на пари се пронајдени при претрес на станот на Ушликовски, ама и овај Трајче отракан да ти бил. Одма демант дека лицето не било вработено во ниту една фирма на Заеви, ниту пак возилото со која се пренесувала дрогата не била на фирма на Заеви.

Абе не зафркавај, стварно?

И не спорам еве за тоа дали бил или не вработен во нивна фирма, туку ме нервира фактот што мислат дека народов е малоумен, па ќе се помири со неговава изјава. Демек еве ако не е вработен во фирмава, нема никаква врска со Заеви уапсениов.

Ама со сликиве кај што го вози овај шверцеров на Трајчета и кај што му ги носи торбиците што да правиме? Или исто како за сликите со Заев и Спасовски со мафијата од Грчец? Ако се сликаме, не се познаваме со господава… Зошто мислат дека народов е толку несаглам?

Нема што, со купувањето на огромен број на фирми за ганџа, со веќе утврдениов шверц и конекциите со подземјето, полека но сигурно Кланот Заеви ќе постане Картел Заеви.

Е како крем на сите овие настани, беше претресот и заплената на документите во фирмата која го изработила фамозниот софвер на екс ген.секот Рашковски. Еве сега колкава е работава, па ќе ги истресиме фирмите за да најдеме… Да најдеме што? Ништо… А нема да пронајдат ништо нерегуларно, ниту пак судир на интереси затоа што фирмите не се лично негови, ниту на поблиски членови на фамилијата, а уште помалце нелегално набавување на софтверот, затоа што е набавен преку јавен оглас.

За да не се занемарат работите, не е проблемот во набавката, туку проблемот е во неговоте некористење и проблемот е во трошоците на одржување.

Еве едно прашање од мене, нека кажат од Владата или Рашковски, колку пари се исплатени за одржување на софтверот, кој воопшто не се користи?

И така почитувани читатели, скандал во скандал, криминал до криминал, ама ниту претседателот на владата, Заев, ниту Спасовски, ниту Рашковски, не поднесоа никаква одговорност. Никој не се чувствува одговорен ниту за криминалот, ниту за кадровските решенија, ниту за пропустите во акциите.

А амбасадоркава на САД преде како маче… Не ми се некако грлати како претходно… Почна дури и да ми недостасува Бејли, тој беше мирудија во секоја манџа, секако додека во прашање беше Груевски… Да беше Зоќи и тој ќе си молчеше и немаше да „мрчи“…

Останете ми со добра мисла и со здравје!

Срдечен поздрав,
Филип Ѓоршовски

Ставот на авторот не е став на порталот Дознај.мк

Фото: МВР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *