ПСЖ ПРЕКУ БАЕРН И ЧЕЛЗИ ПРЕКУ ПОРТО ГИ „БУКИРАА“ СВОИТЕ МЕСТА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО!

ПСЖ ПРЕКУ БАЕРН И ЧЕЛЗИ ПРЕКУ ПОРТО ГИ „БУКИРАА“ СВОИТЕ МЕСТА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО!

ПСЖ и Челзи се првите овосезонски полуфиналисти во Лигата на шампионите, откако и покрај поразите кои ги доживеаја со минимални 0-1, подобриот резултат од првата средба им го обезбеди понатамошниот пласман во најелитното европско фудбалско натпреварување.

Баерн Минхен на „Паркот на принцовите“ во Париз даде сè од себе да ја надомести гол разликата која ПСЖ успеа да ја обезбеди по големата победа од 2-3 во Минхен, но „десеткуваниот“ тим на Ханси Флик, „осакатен“ од повреди не успеаја до крај да ја пороби порозната одбрана на „парижаните“. Единствениот гол на средбата го постигна во првото полувреме поранешниот играч на ПСЖ, Чупо Мотинг, откако по една брканица во шеснаесетникот на Навас, се најде на вистинското место и со глава ја смести топката во голот. Молњевито брзата контра на ПСЖ продуцираше неколку стопроцентни шанси кои ги пропуштија ѕвездите од Париз, пред се Нејмар, кој два пати ја погоди стативата и еднаш пречката.

Томас Тухел во свој стил, со дефанзивен пристап, успеа да ја сочува предноста од 2 гола која ја стекна во Португалија. Порто доминираше во поседот и сите други параметри на играта во текот на сите 90 минути во Лондон, на „гранитната“ одбрана на „сините“ успеа да се скрши дури во 94. минута, кога почесен гол постигна Тареми, за сосема солидна и горделива победа од 0-1 на гости кај големиот англиски великан.

Утре нè очекуваат уште две возбудливи средби во терминот од 21 часот, кога ќе се сретнат Борусија Дортмунд и Манчестер Сити (1-2) и Ливерпул со Реал Мадрид (1-3).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *