ДРАГИ РАШКОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

ДРАГИ РАШКОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Драги Рашковки поднесе оставка од функцијата во Владата – секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешките проекти.

„Почитуван Претседател на Владата, кога политиката (политикантството) ќе станат погласни од природните науки, тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во се да ја бара логиката. Токму заради тоа до вас го доставувам ова неотповикливо повикување од функцијата. 

Мојата улога и со оваа функција и со претходната како генерален секретар беше да му дадеме една нова динамична димензија на општествениот живот. Секретар, каков и да е, може да е обичен писар, но може да е и еден од главните двигатели….“, пишува Рашковски.

Во постот на фејсбук во кој го објави писмото вели.

„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест“, пишува Рашковски.

Ова е постот на Рашковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *