ХАНСИ ФЛИК САКА ДА СИ ОДИ, БАЕРН НЕ ГО ПУШТА

ХАНСИ ФЛИК САКА ДА СИ ОДИ, БАЕРН НЕ ГО ПУШТА

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, изминава недела беше краток и дециден кога кажа дека сака да го напушти клубот на крајот од сезоната. Сега челниците ја трофејниот германски великан излагоа со соопштение, во кое ја критикуваат едностраната комуникација во јавноста.

„Во саботата тренерот Ханси Флик ја потврди својата желба на крајот на сезоната да го раскине договорот кој трае до јуни 2023 година. Флик минатата недела го извести Извршниот одбор на клубот за својата желба, а тренерот и клубот се договорија да се фокусираат на натпреварите против Волфсбур, Баер и Мајнц, како не би се пореметила атмосферата во клубот пред тие важни натпревари“ е пораката од германскиот и европски шампион.

„Баерн не ја одобрува едностраната комуникација на Ханси Флик и ќе ги продолжи преговорите со него после мечот со Мајнц, како што е договорено.“

Главната причина за желбата за заминување на Флик е нарушениот однос со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, кој зимава донесе играчи во клубот, спротивно на неговата волја. Флик минатата сезона го освои германското првенство, Купот и Лигата на шампионите, а оваа сезона е на чекор до обрана на трофеите во Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *