ШОК ЗА СУПЕРЛИГАТА: „ГОЛЕМАТА ШЕСТКА“ ОД АНГЛИЈА ГО ОТКАЖА УЧЕСТВОТО!

ШОК ЗА СУПЕРЛИГАТА: „ГОЛЕМАТА ШЕСТКА“ ОД АНГЛИЈА ГО ОТКАЖА УЧЕСТВОТО!

Проблемите кои настанаа со Супер лигата во фудбал полека почнаа да се решаваат, а англиските клубови експресно го откажаа своето учество. Иако пред само два дена беше презентиран монструозниот проект, сега иднината на ова натпреварување е доведена загрозена.

Манчестер Сити прв повлече нога, а останатите пет екипи од Премиер лигата го следеа чекорот. Англиските тимови беа меѓу основачите на Супер лигата, а сега тие отстапија и оставија шест клубови во „логистиката“. Манчестер Сити и Јунајтед, Ливерпул, Челзи, Арсенал и Тотенхем решија дека ќе останат „верни“ на УЕФА, по неверојатните притисоци од сите страни.

На денешниот онлајн состанок, англичаните го изразија своето двоумење, а само Сити решително отстапи. Останатите, делумно под принуда од фановите, играчите и бурните реакции на островот мораа да го следат потегот на „граѓаните“.

Заминување најави и Атлетико Мадрид, Жоан Лапорта најави дека одлуката ќе ја остави на акционерите во Барселона. Проблемите на Супер лигата настанаа уште пред таа да започне, а отсуството на англиските екипи е огромен минус, па промени може да се очекуваат и во наредните денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *