БАЕРН, ДОРТМУНД И ПОРТО СЕ ВРАЌААТ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЛШ?

БАЕРН, ДОРТМУНД И ПОРТО СЕ ВРАЌААТ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЛШ?

Голема е веројатноста полуфиналистите Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челзи да бидат исфрлени од престижната Лига на шампиони веднаш и да не го доиграат турнирот.

Ваквата информација ја потврди членот на Извршниот комитет на УЕФА, Јаспер Милер, но конечната одлука ќе падне во петок. Причината за ова е новата Суперлига, поради чие формирње УЕФА се заканува со исфрлување на членовите на организацијата. Овие три клуба се заедно во полуфиналето со ПСЖ, кој не се изјаснува на темата дали ќе учествува во Суперлигата.

Според германскиот весник „Билд“, планот е во полуфиналето да се вратат Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Порто и заедно со ПСЖ да формираат два нови полуфинални парови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *