ВО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈА, БУЈАР ОСМАНИ ЈА ПОДДРЖА УКРАИНА ВО КОНФЛИКТОТ СО РУСИЈА

ВО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈА, БУЈАР ОСМАНИ ЈА ПОДДРЖА УКРАИНА ВО КОНФЛИКТОТ СО РУСИЈА

За време на телефонскиот разговор на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, беше подвлечена поддршката на земјата во позадина на ескалацијата со Русија, пренесува „Укринформ“.

„Бујар Османи изрази солидарност меѓу Македонија и Украина во услови на ескалација со Русија, потврдувајќи силна поддршка за нејзиниот суверенитет и територијалниот интегритет во рамките на нејзините меѓународно признати граници, вклучувајќи го и Крим како составен дел на украинската територија“, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

Кулеба зборуваше за дестабилизирачките активности на Русија, вклучително и насобраните трупи во близина на украинските граници, влошената безбедносна состојба во привремено окупираните територии на Украина, блокадата на теснецот Керч и неподготвеноста да ја потврди својата заложба за прекин на огнот.

Украинскиот министер за надворешни работи му ја честиташе на својот македонски колега првата година од членството на Македонија во НАТО и посака успех на патот кон евроинтеграциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *