КИНЕЗИТЕ ЈА ОЖИВЕАЈА „БУБАТА“, КАКО ЌЕ РЕАГИРА ФОЛКСВАГЕН?

КИНЕЗИТЕ ЈА ОЖИВЕАЈА „БУБАТА“, КАКО ЌЕ РЕАГИРА ФОЛКСВАГЕН?

Иако поради финансискиот неуспех и малите продажби, Фолксваген се откажа од производството на легенарната „Буба“, нејзиниот безвременски дизајн стана дел од колективната свест на љубителите на автомобили, па затоа интересот за нејзините „облини“ не престанува ниту денес.

За тоа сведочи последниот обид на кинескиот производител Great Wall да го оживее ова возило за последен пат. Дизајнерските цртежи беа објавени минатата недела, а сега можеме да ги погледнеме и реалните фотографии од кинеската копија на „Буба“.

Освен препознатливиот дизајн, реинкарнираната „Буба“ нема никаква врска со Фолксваген и ја носи ознаката ОРА Панк мачка (брендот ОРА мора да го содржи зборот „мачка“ во имињата на своите автомобили). За разлика од оригиналот, „Панк мачката“ има 4 врати и електричен погон, додека внатрешноста е исто така во ретро стил, вклучително и волан кој потсетува на оној од оригиналната„Буба“.

Кинескиот производител сè уште не ги објави техничките детали за овој автомобил, а не е познато кога ќе започне продажбата. Сигурно е, сепак, дека продажбата ќе биде ограничена на кинескиот пазар, но прашање е како ќе реагира Фолксваген на изгледот на ова возило.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *