ЗГОЛЕМЕНА ПОБАРУВАЧКАТА ЗА НЕКОЛКУ ПРОФЕСИИ ВО ГЕРМАНИЈА

ЗГОЛЕМЕНА ПОБАРУВАЧКАТА ЗА НЕКОЛКУ ПРОФЕСИИ ВО ГЕРМАНИЈА

Иако се очекува општата побарувачка за работници во Германија да се намали во следната деценија, сепак се очекува зголемена побарувачка за работници во одредени сектори, како што се оние засновани на дигитални темели.

Германците очекуваат масовна дигитализација во преработувачката индустрија. Дигитализацијата ќе се случи во форма на машини кои луѓето само условно ќе ги контролираат. Ова ќе „убие“ одредени работни места, но исто така ќе создаде и нови кои порано не постоеле. Управување со машини, сервисирање и поправки се нови работни места што ќе ги произведе дигитализацијата и тие работни места треба да бидат многу добро платени.

Најлошо ќе биде за работниците со ниска квалификација. Платите за работните места што ги извршуваат нема да растат за разлика од другите работни места што можат да очекуваат добар раст, барем што се однесува до платите.

Иако многу работници имигрирале во Германија неодамна, тие се претежно ниско квалификувани работници, а побарувачката за образовани луѓе е сè уште на многу високо ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *