РАШКОВСКИ ИМОТОТ ГО ПРЕФРЛИЛ НА ДЕЦАТА, А ЏИПОТ БИЛ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ВЛАДИН ХОНОРАРЕЦ

РАШКОВСКИ ИМОТОТ ГО ПРЕФРЛИЛ НА ДЕЦАТА, А ЏИПОТ БИЛ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ВЛАДИН ХОНОРАРЕЦ

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој од петокот е во куќен притворза набавката на софтверот за сообраќај додека ја извршуваше функцијата, уште во декември минатата година започнал да го префрла целиот свој имот на име на малолетните деца, па сега тој нема ништо на свое име.

Сега малолетните деца на Рашковски се сопственици на стан во Скопје од 65 квадрати и 11.000 квадратни метри во викенд населбата Побожје.

Џипот што го возеше Рашковски бил регистриран на фирма чиј сопственик соработувал со Владата на хонорарна основа, објави 360 Степени, чија што екипа го улови поранешниот генерален секретар со Волво цип вреден повеќе од 70.000 евра, кој бил во сопственост на фирмата Г.Б.Ц. Системи.

Сопственик на оваа компанија е Игор Христов, кој бил и се уште е хонорарен соработник на Владата за одржување информатички системи во Генералниот секретаријат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *