ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, АВСТРАЛИЈА НЕМА ДА НАСТАПИ НА ЕВРОВИЗИЈА

ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, АВСТРАЛИЈА НЕМА ДА НАСТАПИ НА ЕВРОВИЗИЈА

Австралиската СБС Телевизија потврди дека нивната претставничка Монтењ нема да можат да отпатува во Холандија на Евровизија, па затоа тие ќе го искористат нивниот live-on-tape настап. Секоја земја, токму поради вакви непосакувани изненадни ситуации, беше обврзана да сними резервен настап и да го испрати до организаторите во случај да бидат спречени да дојдат во Ротердам. 

„После сеопфатна проценка, СБС одлучи да не ја испрати австралиската делегација и пејачката Монтењ во Ротердам за Евросонг оваа година. Тие дојдоа до оваа тешка одлука откако ги разгледаа сите предизвици на пандемијата, вклучувајќи ги и факторите што може да бидат проблем при патувањето од или кон Австралија.“, рече шефот на австралиската делегација, Џош Мартин.

Пејачката зборуваше за целата ситуација.

“Секако дека сум тажна бидејќи немав шанса да настапам во живо на евровизиската сцена две години по ред. И покрај тоа разочарување, сепак сметам дека е огромна привилегија да се биде еден од натпреварувачите. Чекам публиката да го види мојот перформанс на live-on-tape ,што дури и пандемијата не може да го запре“, рече таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *