БЕН АФЛЕК ТРГНУВА ВО НОВ ПОХОД ПО СРЦЕТО НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ

БЕН АФЛЕК ТРГНУВА ВО НОВ ПОХОД ПО СРЦЕТО НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ

Сите услови се исполнети за Бен Афлек и Џенифер Лопез повторно да ги вркстат своите љубовни патишта. Популарните холивудски актери во истата година останаа без своите партнери, а сега се шпекулира дека Бен Афлек повторно почнал да развива чувства за Џеј Ло.

Џенифер раскина со својот партнер Алекс Родригез, а Бен раскина со прекрасната Ана де Армас во јануари оваа година, иако нивната љубов изгледаше како да ќе трае вечно, односно никој го немаше видено Афлек во толку позитивно светло, особено земајќи ја предвид и неговата зависност од алкохол, со која тој речиси целиот живот се бори.

Jennifer Lopez exes Marc Anthony, Ben Affleck praise her career

Џенифер Лопез и Бен Афлек се свршија во 2002 година, но немаше свадба бидејќи парот раскина во 2004 година. “Тие не раскинаа поради недостаток на меѓусебна привлечност, туку тој беше збунет од славата. Но, тие омекнаа во последните 18 години, се во добри односи и многу разговараа неодамна”, изјави извор близок до поранешна двојка. „Тие немаат што да загубат со уште еден обид и Бен е подготвен да биде трпелив“, додаде тој.

Инаку, Џенифер беше мажена за Марко Ентони и е мајка на две деца, а Бен се оженил со актерката Џенифер Гарнер и заедно имаат три ќерки. Двете двојки на крајот се разведоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *