НЕДОСТИГОТ НА МАГНЕЗИУМ ПРЕДИЗВИКУВА ЧУВСТВО НА ВКОЧАНЕТОСТ

НЕДОСТИГОТ НА МАГНЕЗИУМ ПРЕДИЗВИКУВА ЧУВСТВО НА ВКОЧАНЕТОСТ

Доколку сте имале период во кој сте чувствувале напнатост, вкочанетост, раздразливост или грчеви, тогаш можеби вие имате недостаток на магнезиум. Магнезиумот е неопхеден минерал кој помага при бројни процеси во организмот, тука спаѓаат регулирањето на крвниот притисок, олеснувањето на напнатите мускули и нерви, како и ред други работи.

Вкочанетоста всушност може ви укажува за недостиг од овој минерал.

„Замислете го магнезиумот како релаксирачки минерал. Треба да имате доволно за вашите клетки да генерираат енергија, да извршуваат голем број хемиски реакции, да ги стабилизираат мембраните и да помогнат во релаксирање на мускулите“,

објасни д-р Марк Хајман

Недостатокот на магнезиум е поврзан и со голема низа воспаленија, па дури и нарушувања на расположението, покажуваат истражувањата.

„Многумина од нас јадат храна што практично не содржи магнезиум. За среќа, има многу храна што може да помогне, како и квалитетни додатоци на магнезиум“,

додава Хајман

За да се регулира нивото на магнезиум, Хајман препорачува да се внесува храна како бадеми, индиски ореви, житарки, хељда, `рж и кафеав ориз кои се богати со магнезиум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *