ЗОО СКОПЈЕ ГО ЗГОЛЕМИ СЕМЕЈСТВОТО- СЕ РОДИЈА ТРИ ЖИВОТНИ МЛАДЕНЧИЊА

ЗОО СКОПЈЕ ГО ЗГОЛЕМИ СЕМЕЈСТВОТО- СЕ РОДИЈА ТРИ ЖИВОТНИ МЛАДЕНЧИЊА

„Мама Рипко излезе од куќарката за да ни ги покаже бебињата“ напишаа на фејсбук страната од Зоо Скопје.

Пред три дена пак на свет пристигна и бебе во фамилијата патаси.

„И во фамилијата патаси утрово имаме ново бебе. Мајката во мир и тишина ужива во првите моменти со своето новородено“ стои во објавата на која е објавена и фотографија.

На почетокот на април пак се роди и бебе Лемур кои се загрозен вид.

„Нашата зоолошка е една од ретките каде што секоја година се раѓаат по неколку лемурчиња и со тоа работиме на продолжување на видот.Колку за споредба, минатата година се роди едно лемурче по подолго време во зоолошката во Москва и тоа беше сензација со месеци низ цела Русија.Очигледно, скопската топла клима, но и грижата за нив, се клучни да имаме најмногу бебиња од овој загрозен вид.Заедно со сите вас, да ја покренеме свеста за овие прекрасни и уникатни животни од Мадагаскар“ велат од Скопската зоолошка градина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *