ЕПЛ ПРЕТСТАВИ НОВ IPAD, IMAC И AIRTAGS УРЕДИ

ЕПЛ ПРЕТСТАВИ НОВ IPAD, IMAC И AIRTAGS УРЕДИ

Конечно се одржа долгоочекуваниот настан на технолошкиот гигант Епл. На него имавме можност да видиме нов iPad, iMac, како и AirTags уреди и некои нешта плус околу iPhone 12. Покрај нив, важни да се напоменат се Apple Card, Подкаст апликацијата, како и нивниот Apple TV 4K со редизајниран далечински управуач.

Новиот iMac, како што соопштуваат од компанијата, ќе биде најтенкиот, најмоќниот и најбрзиот уред досега. Тој ќе ја има и најмоќната камера досега, екран од 24 инчи, супериорен звук, нова тастатура и глувче, како и различни бои за бирање.

Новиот iPad доаѓа со можност за 5Г, како и iPad Pro кој ќе чини од 799 до 1099 долари.

За крај го имаме геџетот познат под името AirTags кој ќе ви помогне веќе да не загубите ништо. Само треба да го закачите за нешто и можете веднаш да почнете со барањето на предметот, од удобноста на вашиот телефон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *