БИЗАРНИ МЕДИЦИНСКИ МЕТОДИ КОИ СЕ КОРИСТЕЛЕ ПРЕД 100 ГОДИНИ

БИЗАРНИ МЕДИЦИНСКИ МЕТОДИ КОИ СЕ КОРИСТЕЛЕ ПРЕД 100 ГОДИНИ

Денес, ние користиме различни научни методи за да ги најдеме најдобрите начини на лекување и лекови кои навистина делуваат. Сепак, не било секогаш така. Низ историјата, луѓето биле жртви на методи кои биле бизарни, но распространети, а нивната ефикасност не била доведувана во прашање, барем не тогаш. Ова се некои од нив.

  1. Лоботомијата е извршена 40 000 пати само во Америка. Тоа е медицински третман во кој се отстранува дел од мозокот на пациентот со цел да се излечи некоја ментална болест. Се разбира, ова честопати имало катастрофални последици врз пациентите кои честопати останувале со трајни попречености.
  1. Терапијата со електрошок се користела во минатиот век како алтернатива на лоботомијата. Резултатите не биле толку страшни како резултатите од лоботомијата, но сепак биле неефикасни. Овој метод билостро критикуван во јавноста затоа што се сметало дека го зголемува ризикот од самоубиство. Голем проблем било и тоа што пациентите обично не учествувале доброволно во третманот.
  1. Трепанацијата е метод во кој се дупчи дупка во главата на пациентот за да се намали притисокот врз мозокот. Најмногу бил фатален за пациентите кои починале од инфекции предизвикани од прободување на черепот во нехигиенски услови.
  2. Сексот со девица се сметал за метод на лекување на сифилис. Се разбира, овој метод воопшто не работел, но за жал, тој сè уште се користи во одредени делови на светот, што резултира со силување.
  3. Инфекцијата со маларија се користела за лекување на сифилис кај пациентот. Се верувало дека изложеноста на маларија ќе спаси пациент од сифилис, а потоа маларијата ќе се лекува со други методи. За жал, ова не било точно и пациентите починале во голем број.
  4. Диетата со пијавици се користела на почетокот на минатиот век. Се верувало дека пијавиците ќе ја извлечат храната што ја внела таа личност, но тоа е далеку од вистината. Резултатот билогадење, повраќање и дијареја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *