БРИТНИ СПИРС ПРОГОВОРИ ЗА НЕЈЗИНАТА ПСИХИЧКА СОСТОЈБА

БРИТНИ СПИРС ПРОГОВОРИ ЗА НЕЈЗИНАТА ПСИХИЧКА СОСТОЈБА

Од објавувањето на документарниот филм “Framing Britney Spears” и заживување на движењето #FreeBritney, обожавателите сè повеќе почнаа да изразуваат загриженост за здравјето на поп-ѕвездата. Сепак, Бритни ги уверува сите дека нема зошто да се грижат, па на видеото што го објави на Инстаграм одговараше на најчесто поставуваните прашања на обожавателите.

Минатиот месец, Бритни Спирс го прекина молкот за документарниот филм “Framing Britney Spears” и откри дека и ’е „непријатно“ поради огромното внимание што го предизвика, а кажа и дека плачела со недели по емитувањето.

Исто така, објаснила дека не го гледала документарниот филм, но дека клиповите што ги гледала биле доволни за да и биде непријатно и да чувствува срам од начинот на кој ја прикажале, пишува „Headliner“.


На видеото таа објасни зошто во последно време не се занимава со музика и снимање песни, велејќи дека „во моментов прави пауза затоа што ужива“.

Откако одговори на прашањата за танцот и значењето на објавување црвен фрижидер на нејзиниот профил, пејачката беше запрашана дали добро рече: „Да, јас сум сосема добро“, и додаде: „Јас сум исклучително среќна, имам прекрасен дом и убави деца “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *