ЕДНА СМС ПОРАКА ГО ИСПРАТИ ДРАГИ РАШКОВСКИ ВО ЗАТВОРСКИ ПРИТВОР

ЕДНА СМС ПОРАКА ГО ИСПРАТИ ДРАГИ РАШКОВСКИ ВО ЗАТВОРСКИ ПРИТВОР

 Поранешниот секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на владината програма, Драги Рашковски, е спроведен во затворот во Шуто Оризари откако Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција ја прифати жалбата на јавниот обвинител и му определи 30-дневен притвор.

Рашковски е првоосомничен во аферата со набавката на сообраќаен софтвер. Второосомничениот во случајот, сопственикот на фирмата „Инвока“ Даниел Станчевски исто така доби 30 дневен притвор.

Според сознанија на порталот сдк.мк, Рашковски на четвртоосомничениот во случајот му испратил СМС-порака со упатства како да се однесува во случајот. 
„Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“, наводно напишал Рашковски. Пораката е откриена во телефонот на четвртоосомничениот, затоа што мобилниот телефон на Рашковски бил целосно форматиран и сета содржина била избришана. Обвинителството го темелеше своето барање врз тезата дека Рашковски би можел да влијае врз сведоци во случајот. 

Владиниот Генерален секретаријат во времето на Драги Рашковски набавил софтвер за сообраќајни прекршоци, кој не се користел, а бил платен 81.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *