ФЕРАРИ ПРАВИ НОВО ЧУДОВИШТЕ СО 830 КС

ФЕРАРИ ПРАВИ НОВО ЧУДОВИШТЕ СО 830 КС

Од Ферари најавија нова специјална серија на бесниот 812 Superfast, серија која ќе дебитира на 5. мај. Сега, заедно со првите фотографии, откриени се и дел од најважните детали. Италијанскиот авто-гигант вели дека перформансите ќе го поместат стандардот за моќта која ќе може да ја испорача V12 моторот, а сепак да ја задржи сржта на Ферари.

Тоа поздрабира одредена ревизија на погонската единица, вклучувајќи го менаџментот на моторот и издувниот систем, а моќноста ќе стигне до 830 коњски сили, што е најмногу ако се исклучат електрифицираните модели.

Специјалната серија ќе добие и карактеристични дизајнерски детали по кои ќе се разликува од другите изведби. Присутен е и карактеристичниот алуминумски панел поставен на местото на задното стакло. Направени се и посебни модификации на аеродинамиката и материјалите употребени за изработка на автомобилот, а Ферари го потенцира и системот за независно управување со сите тркала за што подобра управливост и чувство зад волан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *